Во текот на 2012 година од двата домашни аеродроми се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст на бројот на патници во однос на 2011 година од 8,7%. Зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот Александар Велики" во Скопје, каде во текот на 2012 година биле превезени 828.831 патници што претставува пораст од 9,1% во однос на бројот на патници во 2011 година. Исто така, пораст од 5% во однос на претходната година е забележан и на аеродромот Св. Апостол Павле" во Охрид, каде минатата година биле превезени 78.040 патници. Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13% повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници.
Во текот на 2012 година од двата домашни аеродроми се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст на бројот на патници во однос на 2011 година од 8,7%.
Зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот Александар Велики" во Скопје, каде во текот на 2012 година биле превезени 828.831 патници што претставува пораст од 9,1% во однос на бројот на патници во 2011 година. Исто така, пораст од 5% во однос на претходната година е забележан и на аеродромот Св. Апостол Павле" во Охрид, каде минатата година биле превезени 78.040 патници.
- Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13% повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници - велат од Министерството за транспорт и врски.
По реконструкцијата и модернизацијата на аеродромот Александар Велики" во Скопје која заврши во септември 2011 година со изградба на нова терминална зграда за пречек и испраќање на патниците, бројот на компании кои оперираат на нови дестинации и бројот на патници континуирано бележи раст. Дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.
Порастот на број на превезени патници, најмногу се должи на оперирањето на неколку нискотарифни авиокомпании, меѓи кои и на "Виз ер" чии евтини летови за Малме, Дортмунд, Ајндховен, Базел, Тулуз, Минхен и Милано ги искористија околу 150.000 патници. Проекциите на менаџментот на "Виз ер" е оваа година да биде дуплиран бројот на патници, односно да достигне околу 300.000.